Се роди ли нов македонски ракометен гигант? Официјално стартува Еурофарм Пелистер

eurofarm

Советот на Општина Битола даде зелено светло за формирање на нов ракометен гигант од овој град кој ќе го носи името Еурофарм Пелистер.

Советот се согласи да ги продаде акциите на РК Пелистер на компанијата Еурофарм која беше сопственик на клубот кој годинава игра во Лигата на шампионите, Еурофарм Работник.

Со овој договор стана и официјално формирањето на тимот Еурофарм Пелистер кој под новото име ќе се натпреварува оваа сезона, додека тимот на Пелистер ќе го задржи играчкиот ростер, но ќе го промени името и ќе се вика Еурофарм Пелистер 2.

Двете екипи ќе имаат годишен буџет од околу еден милион евра, доволни за формирање на стабилен тим кој треба да го врати ракометниот сјај во Битола.

Навивачката група на Пелистер, „Чкембари“ бараа зелени дресови за Еурофарм Пелистер, но барем оваа сезона тоа нема да се случи, но од следната Еурофарм Пелистер со сигурност ќе ги има препознатливите за Пелистер, зелени дресови.

Facebook Коментари