Поврзете се со нас

Англија

Се пронајде решение: Јунајтед ќе го задржи Игало

Објавено

на

Екипата на Манчестер Јунајтед е на добар пат да ги обезбеди услугите на Одион Игало и за наредните неколку месеци.

Јунајтед не сакаше да даде 20 милиони фунти и го откупи неговиот договор од Шангај Шенхуа, но на крајот по се изгледа двете страни дојдоа до компромисно решение и Нигериецот ќе остане на „Олд Трафорд“ како позајмен играч до почетокот на наредната година.

-Ние сме блиску до договор со Јунајтед за продолжување на позајмицата. Овој договор ќе значи дека Игало ќе остане со нив до јануари 2021 година, -истакна агентот на напаѓачот, Ата Анеке.

Премиерлигашот за ова секако ќе издвои дополнителни средства, ама тоа е далеку од сумата која Шангај ја посакуваше за перменентен трансфер на Игало.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни