Се приближува спектаклот по повод пензионирањето на Ивковиќ: Ќе грми салата на Олимпијакос (Видео)

Dusan Ivkovic

Се наближува денот на големиот спектал по повод пензионирањет на Душан Ивковиќ, кој треба да се случи на 20 септември во Атина. Со овој настан ќе се одбележи ерата на популарниот ,,Дуда” и ќе му се додели „Легенда на Евролигата”.

Екипите кои ќе се сретнат, од едната страна ќе бидат “Ѕвездите на Ивковиќ” кои во минатото играле за Олимпијакос, а на другата страна, екипата ќе биде составена од Олимпијакос со кој освои две титули во Евролигата. За тимот на “Ѕвездите на Ивковиќ” се очекува да настапи и македонскиот интернационалец Перо Антиќ.

 

Facebook Коментари