Поврзете се со нас

НБА

Се пресели од Бруклин во Лејкерс, па порача: Повеќе не сум пријател со Дурент и Ирвинг

Објавено

на

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс официјално потврди уште еден играч на кој ќе смета во престојнава НБА сезона-тоа е искусниот ДиАндре Џордан.

Џордан е уште еден ветеран кој Лејкерс го додаде во својот ростер, играч кој преку Бруклин Нетс и Детроит Пистонс слета во „Стејплс Центарот“. Имено пред некое време центарот како дел од трејдот беше испратен во Пистонс, но се знаеше дека нема да остане во оваа средина, па откако се раскина соработката тој се врати во Калифорнија со тоа што овој пат тоа се „езерџиите“.

Некогашниот најдобар скокач во лигата го искоментира доаѓањето во Лејкерс, па дури и се пошегува дека повеќе не е пријател со Кевин Дурент и Кајри Ирвинг кои заедно со Џејмс Харден се главните ѕвезди на Бруклин, но и најголеми против кандидати на составот од Лос Анџелес.

-Повеќе не сме пријатели, така да…-истакна Џордан, па додаде:

-Ние сме пријатели пред кошарката, по кошарката и мислам дека на крајот на краиштата сите ние сакаме да бидеме среќни. И да се биде во можност да се натпреваруваме е нешто што е многу важно за мене и тие тоа го разбираат. Ние сме браќа надвор од кошарката, па дали сме соиграчи или не сме, тоа не влијае на нашата врска, -порача ДиАндре кој минатата кампања реализираше по 7,5 поени и 7,5 скокови за 21,9 минути по натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни