Македонија
Се повлекоа, па се вратија на терен и го доиграа мечот: Еурофарм Пелистер во драматичен финиш поразен во финалето
Ракометниот македонски шампион Еурофарм Пелистер е поразен во големото финале на пријателскиот турнир во турски Болу од Мешков Брест со резултат од 31-35.
Мечот го одбележа драматичен финиш во кој битолчани и се повлекоа од теренот незадоволни од судиската арбитража. Сепак по убедување и дијалог помеѓу двете екипи и делегатот, „зелено-белите“ се вратија и го доиграа мечот.
Кобниот момент се случи на три минути пред крајот на мечот при негатива за нашата екипа од -1 (32-31) и напад на Белорусите. Во спорниот напад имаше и пробивање од еден играч на Мешков, како и удар во лице на Радивојевиќ, но судиите го признаа голот за +2 (33-31) кој што го дадоа во овој напад.
Токму Радивојевиќ како и Емилијан Ѓорговски со по шест гола беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер, додека Борзаш даде еден помалку, пет.
-
Лига на шампионипред 10 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Светпред 23 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Шпанијапред 11 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
Мото ГПпред 22 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Шпанијапред 10 часа
Роналдо за очекувањата од Мбапе: Реал Мадрид е поинаква приказна од ПСЖ
-
Шпанијапред 12 часа
Јамал решил да си купи егзотично животно, но се јавил проблем: Мојата мајка не ми дозволува
-
Англијапред 22 часа
Пеп не е за „модерното време“, можеби и затоа е толку успешен (Видео)
-
Англијапред 21 час
Капело стравува за летното засилување на Јунајтед: Тој се уште мисли дека е во Италија……