Поврзете се со нас

Италија

Се појавија информации дека Маркизио ќе учествува на изборите за градоначалник на Торино, тој се јави со коментар

Објавено

на

blank

Дел од италијанските медиуми пренесоа дека легендата на Јувентус, Клаудио Маркизио ќе биде меѓу кандидатите за градоначалник на Торино.

„Ла Стампа“ пренесе дека токму Маркизио кој е роден и израснат во Торино е меѓу кандидатите за градоначалник на Демократската партија на Италија.

Маркизио кој е познат во јавноста и по неговите јавни излагања за проблемите со социјалната правда, расизмот и помошта за бегалците веднаш доби поддршка од фановите на италијанскиот фудбал да се кандидира за изборите во октомври.

Сепак, самиот фудбалер бргу ги негираше овие шпекулации со кратка и јасна порака која ја упати преку социјалните мрежи.

– Мислам дека е неверојатно што мора д акоментирам на вакви теми. Политиката е сериозна работа, па ајде ве молам да бидеме сериозни, -кратко напиша Маркизио кој отфрли било каква кандидатура за градоначалник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни