Англија
Се појави заинтересиран тим за Кепа Аризабалага
Долго време се шпекулира дека голманот на Челси, Кепа Аризабалага ќе си оди од клубот по крајот на сезоната.
Се уште најскапиот голман во светот го загуби првотимскиот статус во Челси во текот на оваа сезона, а него го замени искусниот Вили Кабаљеро кој неодамна потпиша нов договор со „сините“.
Сега, каталонскиот весник „Спорт“ пренесува дека Валенсија покажала интерес за 25 годишниот чувар на мрежата.
Клубот од „Местаља“ ќе се обиде да го донесе Кепа во своите редови и како што пишува шпанскиот весник веќе ја подготвува понудата за голманот.
Од Челси пак се поврзуваа со ангажман на Мануел Нојер, но сега кога Германецот се реши да ја продолжи соработката со Баерн Минхен, единствена опција им остана Андре Онана од Ајакс кој потврди дека ќе си оди од Амстердам ова лето.
-
Шпанија23 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП21 час
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија4 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија20 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија19 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија3 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
Шпанија2 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!