Поврзете се со нас

АТП

Се појави видео: Принцот Вилијам од нервоза го прекрши кралскиот протокол поради Ѓоковиќ

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ по седми пат во својата кариера го освои Вимблдон и имаше средба со кралското семејство по големото финале на Централниот терен, нешто што всушност е традиција на најпрестижниот тениски турнир.

За разлика од обично, Ноле имаше прилично добра поддршка во финалето, но сега едно видео кое датира од полуфиналето стана вирален хит и доста популарно на социјалните мрежи.

Британските медиуми уште пред шест дена објавија дека принцот Вилијам го прекршил строгиот кралски протокол за време на полуфиналето меѓу Камерон Нори и Новак Ѓоковиќ, бидејќи камерите го уловиле како пцуе за време на мечот.

Фаворизирајќи го домашниот тенисер Нори, Вилијам пцуел од нервоза по еден поен на првиот фаворит на турнирот, а видеото сега стана достапно за сите неколку дена по крајот на турнирот.

Како што информираат англиските медиуми, пцуењето во јавност е строго забрането за членови од кралското семејство, па сигурно е дека принцот Вилијам во иднина ќе биде далеку повнимателен кога ќе присуствува на најважните мечеви на Вимблдон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни