Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Се појави видео кое не го „улови“ ТВ преносот: Гвардиола и Де Брујне имале караница на 2:0 (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола не можеше да замисли подобар вечер од онаа во средата на „Итихад“, бидејќи неговиот Манчестер Сити му одржа фудбалска лекција на Реал Мадрид и го детронизираше тимот кој беше бранител на титулата во Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ одиграа атмоски фудбал и победија со убедливи 4:0, но покрај еуфоричните реакции кои ги имаше Пеп Гвардиола од клупата и кои беа пренесени од главниот режисер, сепак имало и моменти кога Шпанецот не бил најзадоволен од своите ѕвезди.

Гвардиола беше навистина гласен на стартот на второто полувреме, а од тој дел пристигнува и малата караница која ја имал со еден од своите омилени фудбалери.

Пеп гласно му викал на Де Брујне да ја подаде топката и да не комплицира, по што овој збеснал и не останал должен: Замолчи, замолчи, – во два наврати возвраќа Белгиецот.

Токму за оваа сцена говореше и Шпанецот во едно од интервјуата по полуфиналето, во кое нагласи дека неговите фудбалери почнале непотребно да комплицираат во воведот од вториот дел.

– На 2:0 почнавме многу да брзаме и да ги продаваме топките во вториот дел. Веднаш по рестартот, Гундоган загуби топка, а Де Брујне подари три транзиции. Тоа не беше потребно, требаше да го правиме спротивното. Сепак, не може да контролирате се 90 минути, на крајот се испадна добро, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни