Поврзете се со нас

Англија

Се појави тим кој сериозно е заинтересиран за ангажман на Давид Де Хеа

Објавено

на

Медиумите во Англија пренесуваат дека се ближи крајот на деценискиот престој на Давид Де Хеа во Манчестер Јунајтед.

Шпанскиот голман е пред сериозна закана да го загуби првотимскиот статус од младиот, 23 годишен Дин Хендерсон кој оваа сезона му е резервна опција, но следната сезона се очекува да биде прв избор на Оле Гунар Солскјер.

Де Хеа кој е во најзрели фудбалски години не сака толку рано да стане резервна опција, па веројатно ќе ја побара среќата во нов тим.

Како што пишува „Сан“ за 30 годишниот голман сериозен интерес има од страна на ПСЖ. Маурисио Покетино сака да го замени 34 годишниот Кејлор Навас така што ќе го ангажира Давид Де Хеа кој има уште многу да понуди во светот на фудбалот.

Од таборот на францускиот гигант се подготвени да му ги понудат бараните 375.000 фунти неделна плата колку што Де Хеа заработува на „Олд Трафорд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни