Поврзете се со нас

Англија

Се појави снимка од бесниот Фернандеш: Тука сте за фудбал, а не за снимање….

Објавено

на

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш кој бесно реагира кон своите соиграчи, Фред и Алекс Телеш.

Бразилците се снимале пред просториите на тренинг центарот Керингтон, а во тој момент ги забележал Бруно Фернандеш кој испратил жестоки зборови кон двоецот и им порачал да престанат да снимаат и да одат на тренинг.

На видеото се забележува бесната реакција на Бруно кој во еден момент им вика на своите соиграчи да му го снимат пенисот.

– Престанете да бидете кретени. Тука сте да играте фудбал, не да се снимате. Снимајте го мојот пенис, -им говореше Бруно Фернандеш на своите соиграчи.

Ваквата реакција на португалскиот фудбалер наиде на одобрување кај фановите на Манчестер Јунајтед кои порачаа дека во клубот се потребни фудбалери со менталитет како тој на Бруно Фернандеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни