Се појави снимка на која се гледа големината на Коби: Го регулираше сообраќајот и помагаше на повредени при поголема сообраќајка (Видео)

kobisoobrakaj

Светот тагува по загубата на еден од најголемите спортисти во историјата, Коби Брајант, кој вчера го загуби животот во хеликоптерска несреќа.

41 годишниот Брајант заедно со уште осум други лица, меѓу кои и неговата ќерка, Џана, загинаа при уривање на нивниот хеликоптер во Калифорнија.

Светот се простува од легендарниот Коби, а на социјалните мрежи постојано излегуваат видеа кои ја докажуваат големината на Брајант. Дека не бил само голем кошаркар, туку пред се човек, покажува едно видео кое е снимано пред само неколку недели.

Коби бил сведок на една поголема сообраќајка, и веднаш излегол на улица за да им пружи помош на учесниците во истата се додека не пристигнала помош. На видеото се гледа дека Брајант во еден момент и го регулира сообраќајот дури се чека полицијата.

Ова видео претставува уште еден показател дека „мамбата“ беше голем човек и со право беше миленик на многу генерации…

Facebook Коментари