Италија
Се поизвесно заминувањето на Јовиќ од Реал Мадрид, преселба во Серија А најреална опција
Лука Јовиќ не е најпосакуван лик во таборот на Реал Мадрид. Српскиот интернационалец повторно го навлече гневот на раководните структури на клубот откако на првите тренинзи се појави со тешка повреда на стапалото.
Претходно Јовиќ не го почитуваше карантинот во Србија и беше нападнат од сите релевантни институции во оваа земја, а коментари со осуда стигнаа и од Мадрид.
Сега е повеќе од јасно дека од „кралскиот клуб“ ќе се обидат да се ослободат од играчот кој го платија 60 милиони евра минатото лето.
Сепак, како што стојат работите од Реал ќе бидат задоволни и ако некој тим за него ова лето плати 40 милиои евра и ќе се согласат да го продадат за оваа сума.
Како што пренесува „Газета дело Спорт“ тимот на Милан е заинтересиран во своите редови да го донесе Србинот како замена за Златан Ибрахимовиќ.
Искусниот Швеѓанец речиси сигурно ќе си оди од „Сан Сиро“, по само една полусезона од неговото враќање во клубот каде остави значаен белег, а замената ќе му стигне токму од Реал Мадрид.
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 22 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 22 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 20 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Германијапред 21 час
Фановите на Баерн испратија порака прекинувајќи го куп дуелот со тениски топчиња (Видео)