Поврзете се со нас

НБА

Се поизвесно сценариото на Баркли: Уште две НБА франшизи ги затворија тренинг центрите

Објавено

на

Милвоки и Сакраменто се последните НБА клубови кои се приклучија во низата на затворање на тренинг центрите поради позитивни случаи на короанвирус, па иако не се открива за кои играчи станува збор, повеќе од јасно е дека работите во Америка потешко се контролираат отколку во Европа каде се активираа фудбалските првенства под посебни услови.

Америка е убедливо најголемо жариште на КОВИД 19 и секојдневно се рушат нови црни и негативни рекорди со новозаболени, па како што стојат работите, се поизвесно е сценариото кое го најави легендарниот Чарлс Баркли.

Со Милвоки и Сакраменто, веќе 7 од 22 клуба кои треба да се упатат во Орландо за продолжувањето на сезоната ги затворија своите тренинг центри, а покрај споменатите два, во оваа листа се уште Денвер, Мајами, Лос Анџелес Клиперс, Феникс и Њу Џерси.

Рестартот на НБА лигата е закажан за крајот на овој месец во Орландо, но ако продолжат настаните во овој тек, тешко дека ќе дочекаме такво нешто.

– НБА лигата нема да се врати, немаме никаква шанса да го доиграме ова. Многу ме боли што го кажувам ова, знам дека многу луѓе кои ги познавам ќе ги загубат работите и ќе имаат големи последици во иднина. Факт е дека вирусот се распространува и Флорида во овој момент е најлошо место во светот, – изјави Баркли пред два дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни