Поврзете се со нас

Англија

Се поизвесно е неговото заминување: Тухел призна дека еден играч се мачи со неговите одлуки

Објавено

на

Томас Тухел воведе некои промени во таборот на Челси откако седна на клупата на англискиот премиерлигаш, а промените очигледно донесоа резултат затоа што стратегот се уште ја нема почувствувано горчината на поразот.

Германецот во таборот на Челси врати некои играчи кои беа заборавени од Френк Лампард, а на трибините испрати некои играчи кои често добиваа шанса од младиот стратег. Таков е случајот со Тами Ејбрахам кој во последно време јавно го кажувал своето незадоволство поради тоа што не е избиран во првиот тим.

За натпреварот со Манчестер Јунајтед, Тухел отиде чекор подалеку и не го повика Ејбрахам во играчите на кои смета за тој натпревар, а потоа даде и коментар дека ваквите одлуки тешко влијаат врз младиот фудбалер.

– Имаме 21 силен фудбалер и само 18 кои можеме да ги избереме. Мојата работа е да носам тешки одлуки. Во овој момент само Ејбрахам се мачи со моите одлуки. Имаме силен состав, само Тиаго Силва ни е повреден и тоа значи дека мора да носиме тешки одлуки.

– Исто така беше нефер кон Били Гилмур затоа што Били играше добро во купот и секогаш е одличен на тренинзите. Ова беше тешка одлука. Требаше да одлучат според алтернативите кои ги имав и се одлучив за Оливие Жиру за првотимец, а Тимо Вернер да биде на клупата. Го имавме и Каи Хаверц кој може да игра како број девет и немаше потреба да имаме уште еден четврти напаѓач, -изјави Тухел.

Тами Ејбрахам пред неколку денови одбил да разговара за продолжување на својот договор со Челси со оглед на фактот што од Тухел ретко добива шанса за настап, а во јавноста се погласни се шпекулациите дека клубот би можел да го ангажира Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни