Се поизвесно е дека Солскјер ќе добие „шут карта“: Најперспективниот стратег меѓу кандидатите за клупата на „Олд Трафорд“

ole-pokazuva

Манчестер Јунајтед игра катастрофално, бележи катастрофални резултати и во моментов се наоѓа на само два поени од опасната зона.

Многу фудбалски аналитичари веќе почнаа да се „шегуваат“ со „ѓаволите“ велејќи дека тие ќе се борат за опстанок доколку продолжат во ова темпо. Јасно е дека неуспех против Ливерпул и евентуален убедлив пораз ќе значи крај за Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед.

„Дејли Мејл“ пренесува дека од раководството на клубот веќе започнале потрага по нов тренер, на врвот на листата на желби е Макс Алегри кој во моментов е слободен, а во последно се споменува и името на Јулијан Нагелсман.

32 годишниот стратег го презеде својот втор клуб во кариерата откако се реши да го напушти Хофенхајм. Нагелсман сега со успех го предводи РБ Лајпциг и уште еднаш покажа дека станува збор за еден од најперспективните европски стратези.

Facebook Коментари