Поврзете се со нас

Македонија

Се поголем број на заразени: Охрид има уште четворица позитивни на коронавирус

Објавено

на

По вчершаните нови 16 заболени ракометари во таборот на Работнички, коронавирусот продолжи да им дава главоболки на водечките луѓе на македонскиот ракомет, кој од ден во ден, се повеќе се приморани да ја стопираат лигата на одредено време додека не се смири ситуацијата.

РК Охрид веќе пријави позитивни случаи на КОВИД 19, но денеска информираше и за втор бран на заразени во своите редови, една седмица по првото соопштение кое го изнесоа во јавноста.

Во Охрид првично беа детектирани двајца заболени од коронавирусот, но најновите тестирања покажале дека уште четворица членови на експедицијата имаат позитивен тест.

– После појавување на вирусот КОВИД 19 во ракометниот клуб Охрид, ракометарите, стручниот штаб и логистиката беа тестирани, а резултатите покажаа вкупно шест заразени лица во нашиот клуб, вклучувајќи ги и првите два случаи. Пет од нив се ракометари, додека шестиот е член на управата.

– Лицата се во изолација, со благи симптоми, лесна клиничка слика и добра здравствена состојба, – гласи соопштението на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни