Италија
Се поблиску разделбата на Дибала со Рома, но проблемот може да настане поради 3.000.000 евра
Пауло Дибала цело лето се мисли околу тоа дали да ја напушти Рома и се чини дека конечно одлучи дека е време за преселба.
Италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио објави дека аргентинскиот репрезентативец постигнал договор со Ал Кадиси од Саудиска Арабија и дека останува само клубот да ги договори условите за трансфер во Рома.
Истиот извор наведува дека според договорот Дибала за три години ќе заработи неверојатни 75.000.000 евра, но и дека Арапите на Рома и испратиле понуда вредна само 3.000.000 евра, па се очекува оваа понуда да биде одбиена.
„Волчицата“ во случај да реши да го продаде Аргентинецот ќе бара нешто блиску до сумата од 12.000.000 евра колку што изнесуваше продажната клаузула која важеше до почетокот на август.
Дибала наводно сакал да игра за еден од клубовите во Премиер лигата, но бидејќи се уште нема понуда од Островот, решил да ја прифати неверојатната понуда на клубот кој минатата сезона избори пласман во највисокото ниво на арапскиот фудбал.
-
Италијапред 18 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 16 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Германијапред 17 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Италијапред 21 час
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Шпанијапред 21 час
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Англијапред 20 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 17 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 11 часа
Гундоган за Чави: Луѓето велат дека не освоивме ништо, но………