Поврзете се со нас

Свет

Се пензионираше вториот најдобар стрелец во историјата на Уругвај (ФОТО)

Објавено

на

foto:x.com/ECavaniOfficial

Пред нас е Копа Америка каде една од селекциите која сигурно ќе се бори за висок пласман, самиот трон е Уругвај, репрезентација која дефинитивно нема да смета на еден од најдобрите играчи во историјата.

Имено пред овој голем турнир, вториот стрелец во историјата на оваа јужноамериканска селекција, Единсон Кавани одлучи да се повлече, пензионира.

-Сакам само да ти се заблагодарам за секоја лекција што ми ја даде во текот на процесот. Нема да биде долго. Денес моите зборови се малку, но длабоки. Благодарност до секој човек кој беше дел од овој пат низ годините. Бев и секогаш ќе бидам благословен што го носам овој дрес што го претставува она што најмногу го сакам на овој свет, мојата земја.

-Без сомнежт беа толку многу прекрасни години. Имам илјада работи да кажам, кажам и запомнам, но сакам да го посветам денешниот ден на оваа нова фаза од мојата кариера и да дадам се што имам таму каде што треба да бидам сега. Решив да се повлечам, но со срцето сè уште чука, како што беше кога дојдов на ред да излезам на теренот облечен во овој прекрасен дрес. Испраќам силна прегратка до сите фанови, -порача Кавани кој даде 58 гола на 136 натпревари.

Најголемиот успех дефинитивно беше освоената титула на Копа Америка во 2011 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни