Поврзете се со нас

АТП

Се пензионираше еден од ретките тенисери со позитивен скор против Ѓоковиќ: Ноле секогаш даваше смешни изговори (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/ivokarlovic

Иво Карловиќ го одигра својот последен професионален меч во октомври 2021-ва година, но му беа потребни повеќе од две години за да сфати дека веќе нема шанси да се врати и да игра на највисоко ниво.

Хрватскиот ветеран денеска излезе со официјално проштално писмо преку кое сподели дека се повлекува од играњето тенис, оставајќи зад себе една навистина одлична кариера.

Карловиќ го доби прекарот „доктор“ од тениската јавност и сите најмногу ќе го паметиме по неверојатниот и разорен сервис, кој направи кариерата да ја заврши со 13,728 испорачани ас сервиси.

Иво во својта кариера освои и 8 АТП титули, еднаш го освои и Дејвис Купот, а најдобар ранкинг му беше 14-то место на АТП листата.

Еден од најубавите податоци за него е поврзан со светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, со кого има позитивен скор од 2:1, иако тој велеше дека е 3:1 во меѓусебните пресметки.

– Имам водство од 3:1 против Ѓоковиќ, го победив и во квалификациите за турнирот во Мадрид во 2005-та година, но АТП не го забележа тој триумф. Знам да му го споменам тој податок од време на време, а тој ми дава смешни изговори како „дуваше ветер“ или „бев на почетокот на кариерата“, – изјави Карловиќ во 2020-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни