Англија
Се остварија најцрните прогнози: Фудбалерот кој го загрижуваше Артета успешно опериран во Лондон (Фото)

Емил Смит Роу беше еден од најдобрите играчи на Арсенал минатата сезона и беше речиси незаменлив во стартната постава на Микел Артета, кој од стартот на новата сезона сепак не можеше да смета како што посакува на повермениот англиски репрезентативец.
Младиот офанзивец имаше спорадично појавување на теренот и едвај собра вкупно 90 минути во сите натпреварувања, а причина за тоа беше загрижувачката повреда која внесе немир и кај менаџерот Артета.
Шпанецот пред две седмици порача дека повредата на Смит Роу не изгледа добро, за денеска да пристигне информација дека младиот фудбалер направи операција на препоните и ќе отсуствува измеѓу два и три месеци.
– После значителниот чекор назад кој го имаше на мечот против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ и по направените консултации со специјалисти од нашиот тим, Емил подлегна на операција на тетивата на препоните.
– Операцијата беше изведена успешно во Лондон и Емил веќе почна со режимот на рехабилитација. Се надеваме дека тој ќе може да тренира во полн интензитет во текот на месец декември. Сите очекуваме да го видиме што поскоро на терените, – гласи објавата на Арсенал.
Back stronger, Emile ❤️
— Arsenal (@Arsenal) September 29, 2022
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 11 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Шпанијапред 4 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Светпред 21 час
Срна за најтешкиот момент во кариерата: Тоа ме повреди повеќе и од смртта на мојот татко