Се омажи тенисерката Серена Вилијамс (Фото)

Serena Svadba

Серена Вилијамс и Алексис Оханиан иако се криеја од јавноста, сепак папараците успеаа да ги уловат пред влезот на свеченоста. Тие љубовта ја крунисаа во Центарот за современи уметности во Њу Орлеанс. Тенисерката пратила порака преку своите служби дека е забрането користење на мобилни телефони на нејзината свадба поради тоа што магазинот „Вог“ имал ексклузивно право за објавување на фотографии од венчавката, според претходно постигнатиот договор меѓу Серена Вилијамс и магазинот. Според фотографиите од папараците може да се забележи дека тенисерката носела фустан од брендот „Валентино“,со бели патики од брендот „Најк”. Од познатите јавни личности на свадбата биле уредничката на ,,Вог” Ана Винтур, Џеј Зи, Ева Лонгорија, Кели Роланд, Ким Кардашиан, Каролина Возниацки и други.

Serena Svadba 2

 

Facebook Коментари