Се огласи Валверде по изјавата на Ракитиќ дека не е среќен во Барселона

rakitic

Иван Ракитиќ завчера изјави дека во моментов не се чувствува среќен во Барселона затоа што клубот му го зел тоа што најмногу го сака, топката.

Се повеќе станува јасно дека Хрватот веќе војануари ќе ја замени средината и ќе се пресели во некој од тимовите заинтересирани за него.

Изјавата на Ракитиќ ја искоментира и тренерот на Барселона, Ернесто Валверде кој очигледно не смета многу на хрватскиот фудбалер.

– Ракитиќ рекол дека е како девојче на кое и ја зеле играчката? Немам коментар на тие зборови на Иван, -кратко изјави Валверде.

Facebook Коментари