Се огласи и Стерлинг по инцидентот со Гомез и исфрлањето од репрезентацијата на Англија

sterling-gomez

Рахим Стерлинг и Џо Гомез имаа меѓусебна препирка на натпреварот помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити која продолжила и во репрезентативниот камп.

Имено, Стерлинг сакал физички да се пресмета со младиот Гомез, но за тоа го спречиле неговите соиграчи, а по ваквиот настан селекторот на „Гордиот Албион“ се реши да го отстрани играчот од комбинација за настап за натпреварот со Црна Гора.

Стерлинг по ицнидентот се огласи преку социјалните мрежи и посочи дека емоциите го совладале во моментот кога избувнал..

– Прво и најважн, сите знаат што значеше овој натпревар за мене. Сите знаат дека јас не сум таков, а двајцата со Џо си упативме некои зборови и продолживме. Ние играме спорт во кој емоциите се на високо ниво и јас сум доволно маж за да признам кога емоциите ме совладуваат. Ќе го надминеме ова затоа што го играме спортот кој го сакаме. Јас и Џо Гомез сме добро и двајцата сфаќаме дека тоа беше ситуација до 5-10 секунди и знаеме дека тоа е готово и нема да правиме ништо сензационално од истото. Да се фокусираме на нашиот следен натпревар, -напиша Стерлинг на социјалните мрежи.

Facebook Коментари