Се огласи Рамос откако му го скрши носот на противничкиот играч

ramos

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос инсистира дека не го повредил играчот на Викторија Плзен, Милан Хавел намерно, туку дека тоа било несреќен случај.

Реал Мадрид со убедливи 5:0 славеше на гостувањето во Плзен, а покрај головите, низ медиумите се врти и снимката на која Рамос со лакто му го крши носот на противничкиот играч.

Иако медиумите веднаш го нападнаа, Рамос се огласи во јавноста со коментар дека тоа што го сторил воопшто не било намерно.

-Немав намера да го сторам тоа. По натпреварот заминав да разговарам со него, но тој не беше тука, па му пратив порака. Се обидувам да го бранам овој грб на најдобар можен начин. Никогаш во кариерата не сум одел намерно да повредам некој противник- коментираше Рамос.

Facebook Коментари