Се огласи и Модриќ и ги демантираше италијанските медиуми (Фото)

luka

Веќе со денови во италијанските медиуми може да се прочита дека Лука Модриќ упорно бара да си замине од Реал Мадрид за да се пресели во Интер.

Тоа можеби е така, но медиумите во Италија отидоа и чекор понапред објавувајќи дека Хрватот влегол во конфронтација со Перез и јасно му дал до знаење дека нема да тренира се додека не се реши неговото прашање.

Наводно Перез ја избегнал првата средба која беше закажана за пред два дена, а нова била најавена за текот на денешниот ден.

Лука Модриќ на социјалните мрежи во меѓувреме објави фотографија од тренинзите на Реал Мадрид под која напиша: -Назад на работа.

Навивачите на „Кралскиот клуб“ кои во овој преоден рок останаа без Роналдо, во надеж дека ќе го зачуваат Модриќ ова го сфатија како порака дека клучниот играч останува во Мадрид.

Facebook Коментари