Се огласи и Калиниќ откако Хрватите се решија да му доделат сребрен медал

kalinic

Репрезентацијата на Хрватска беше вистински хит на неодамна завршеното Светско првенство во Русија на кое го освоија второто место.

Одличните игри на „коцкестите“ на Мундијалот го ставија во сенка инцидентот кој се случи веднаш по првата средба со Нигерија кога Златко Далиќ се одлучи да го испрати дома напаѓачот Никола Калиниќ.

Играчот на Милан одби да влезе во игра во последните минути од средбата со образложение дека има проблеми со грбот, а Далиќ донесе храбра одлука и се реши да го прати назад во Хрватска.

По освојувањето на сребрениот медал од Русија, челните лица на Хрватскиот фудбалски сојуз се решија да му доделат медал и на Калиниќ, но искусниот напаѓач истиот го одби велејќи дека не учествувал во успехот на репрезентацијата.

„Спортске новости“ пишуваат дека Калиниќ се заблагодарил на понудата и го одбил медалот со порака: -Ви благодарам, но јас не играв во Русија.

Facebook Коментари