Поврзете се со нас

АТП

Се огласи и Раониќ кој го одби Ѓоковиќ за „Адрија Тур“ и ги искритикува српскиот тенисер и неговиот татко

Објавено

на

Канадскиот ас со потекло од Црна Гора, Милош Раониќ беше еден од ретките тенисери кои го одбија Новак Ѓоковиќ кој го организираше сега веќе фамозниот „Адрија Тур“ тениски турнир.

На крајот ваквата одлука на Раониќ испадна добра затоа што на турнирот повеќето учесници се заразија со коронавирусот.

Сега, Раониќ ја откри причината зошто одбил да игра на балканската мини турнеја иако бил свесен дека доколку прифати да игра тоа ќе го прави пред своите блиски.

– Никогаш не сум играч пред повеќето свои роднини во Црна Гора. Никогаш не сум играл пред баба ми, тетките, вујковците, па размислував да дојдам. Но, ако се игра УС Опен, не можев да замислам да патувам во Европа, па пак назад во САД  и мислев дека тоа е само непотребен ризик.

– Мислев дека на турнирите нема да има гледачи и дека кога на распоредот ќе дојде турнирот во Црна Гора ќе постои шанса да има луѓе на трибините. Лично, не би се чувствувал удобно, посебно со оглед на тоа како се одвиваа промотивните настани пред самите натпревари, -изјави Раониќ, а потоа истакна дека Ѓоковиќ веќе нема да го има истиот авторитет иако е  претседател на друштвото на тенисерите од каде многумина бараат тој да си поднесе оставка.

– Знам дека Новак беше против идејата за УС Опен, дека не може да се одржи под одредени услови. После се што се случи, неговото мислење повеќе нема толку тежина, -истакна тенисерот кој настапува под знамето на САД и на крај го критикуваше таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ.

– Коментарите дека Димитров е виновен се целосно непотребни. Имаше и други работи кои можеа да доведат до ширење на вирусот. Можеби доаѓањето на Ѓоковиќ на кошаркарскиот натпревар со Јокиќ кој потоа беше позитивен? Многу трачеви има во овој момент и најдобро е сите да размислиме за тоа како можеме да ги вратиме тениските турнири, наместо да се занимаваме со вакви приказни, -дециден беше Раониќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни