Поврзете се со нас

Англија

Се наѕира новиот тренер на Њукасл, Конте никогаш не бил опција

Објавено

на

Од таборот на Њукасл се во постојана потрага по нов стратег кој ќе го замени Стив Брус кој си замина од клубот по поразот од Тотенхем минатиот викенд.

Новото сопствеништво на клубот уште по самото доаѓање на чело на клубот најави дека ќе го смени Стив Брус, а јавноста веднаш побрза да го посочи Антони Конте како прв фаворит за тренерската позиција.

Сепак, италијанскиот стратег никогаш не бил ни контактиран од Њукасл на чија клупа веројатно ќе седне Пауло ФОнсека.

Некогашниот тренер на Рома бил подготвен да ја прифати понудата на клубот кој ќе размисли уште малку дали и официјално ќе испрати понуда до португалскиот стратег.

Пауло Фонсека летоска се поврзуваше со премин во Тотенхем, меѓутоа не се договори со Даниел Леви и не седна на клупата на „Вајт Харт Лејн“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни