Поврзете се со нас

АТП

Се надева ќе добие зелено светло: Ѓоковиќ се подготвува за настап на Ју-Ес Опен (ВИДЕО)

Објавено

на

Поранешниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ и понатаму верува дека ќе добие шанса за настап на последниот календарски грен слем во оваа 2022 година Ју-Ес Опен.

Овој турнир се одржува во Њујорк, а според моменталните правила невакцинирани странци не можат да влезат во Соединетите Американски Држави, нешто што е случај со најдобриот српски рекет.

Новак секојдневно добива поддршка од навивачите, а беше покрената и интернет петиција за да може да учествува на грен слемот. Сепак многу е тешко да е верува дека ќе се променат работите на оваа тема иако самиот Ѓоковиќ напорно тренира и се подготвува како да ќе патува во Њујорк.

-Само сакам да ја искористам оваа прилика да споделам со вас колку ми значи вашата поддршка и љубов што ми ги испраќате овие денови. Не го очекував во толку голем број и затоа мојата благодарност е уште поголема! Навистина голема благодарност од се срце.

-Многу ми е чест што толку многу луѓе ја поддржуваат мојата кариера и сакаат повторно да ме видат на терените ширум светот. Продолжувам да се подготвувам и тренирам како да ќе се натпреварувам додека го чекам одговорот дали има некаква можност да патувам до Америка. Ви благодарам и стискајте палци за мене, -порача победникот на овогодишеншното издание на Вимблдон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни