Поврзете се со нас

Свет

Се местат коцките: Меси и Бускетс ќе добијат познато друштво во Интер Мајами

Објавено

на

foto: www.besoccer.com

Лионел Меси и Серхио Бускетс ги одбија лудите понуди од Саудиска Арабија и одлучија своите кариери да ги продолжат во Соединетите Американски Држави каде ќе бидат дел од МЛС составот Интер Мајами,

Двајцата ја одбраа Флорида за нивна наредна дестинација, па сега останува тие официјално да бидат промовирано и секако заиграат за овој тим кој пред некое време го презема Тата Мартино. Меѓутоа како што стојат работите многу брзо Лео и Бускетс ќе добијат познато друштво, играч кого добро го познаваат од времето од Барселона, а едно е нивен близок пријател.

Се работи за Жорди Алба кој како слободен фудбалер исто ќе се обврзе на соработка со Интер Мајами. Шпанските медиуми „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ пренесуваат дека се се движи во позитивен правец, односно дека во наредните денови се очекува да стигне официјална потврда за трансферот на левиот бек.

Жорди 11 години играше за Барса, претходно беше дел од Валенсија, Химнастик и Корнелја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни