Шпанија
Се „крши“ љубовта: Чави презема прв сериозен потег, на потег е Дембеле (Фото)

Чави Ернандес беше првиот кој застана во одбрана на интересите на Усман Дембеле уште при самото пристигнување како тренер на „Камп Ноу“, но само два месеци подоцна, тренерот на каталонскиот гигант се соочува со една непријатна ситуација, како самиот тој ја окарактеризира на вчерашниот прес.
Барселона вечерва ќе гостува во Билбао кај Атлетико во осминафиналето на шпанскиот Куп, а 12 часа пред мечот стана јасно дека Чави се одлучил за потег кој веќе се најавуваше во јавноста.
Ернандес призна дека е збунет од целата ситуација и различните сигнали кои ги испраќаат агентот на Дембеле и самиот фудбалер, па сега јасно му стави до знаење дека нема да биде дел од тимот додека не донесе конечна одлука за својата иднина.
Чави го отстрани Дембеле од тимот за натпреварот со Атлетик и тој нема да патува за Билбао, што е прв сериозен чекор од тренерот на Барселона кој со ова прави дополнителен притисок врз Французинот.
Целта на Чави е да се реши ова прашање во најскоро можно време, бидејќи не планира да го испрати фудбалерот на трибините до крајот на сезоната, што всушност е желба на клубот доколку тој остане, а не го продолжи договорот. Според Чави, во овој момент, најдобра опција е Дембеле да биде продаден во последните 10 дена од зимскиот преоден рок.
𝑺𝑶𝑴-𝑯𝑰 𝑬𝑸𝑼𝑰𝑷 ! pic.twitter.com/woUkKxFefP
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 20, 2022
-
Шпанијапред 20 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Францијапред 18 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 19 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Италијапред 16 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 12 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
НБАпред 19 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 8 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја