Поврзете се со нас

АТП

Се јави уште еден од учесниците на „Адрија Тур“: Бевме премногу еуфорични, нашето однесување…

Објавено

на

Егзибициониот тениски турнир „Адрија Тур“ кој го организираше Новак Ѓоковиќ привлече големо внимание во светската јавност откако голем дел од учесниците на истиот беа тестирани за позитивни на Ковид- 19.

Откако Григор Димитров беше позитивен на вирусот, на него позитивни испаднаа уште неколку тенисери меѓу кои и Новак Ѓоковиќ, како и луѓе кои беа во организација на турнирот.

Разни коментари се појавуваат постојано, а сега со свое видување се јави и учесникот на турнирот, Доминик Тим.

– Со недели игравме без публика и бевме повеќе од среќни што ќе имаме навивачи на еден настан. И верувавме на владата на Србија и нејзините правила за короната, но бевме премногу оптимистични.

– Нашето однесување беше грешка, бевме премногу еуфорични. Навистина ми е многу жал, -напиша австрискиот тенисер на социјалните мрежи.

Тим потврди дека пет пати се тестирал во поселдните десетина дена и ниту еден тест за среќа не покажал дека е позитивен на вирусот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни