Се јави и сестрата на Роналдо: Правда за ,,ЦР7″ (Фото)

Katja Aveiro

Кристијано Роналдо изминатиот период е под сериозен притисок поради обвинувањата дека пред десет години наводно силувал девојка во Лас Вегас. Иако полицијата во Лас Вегас повторно ја отвори истрага, Португалецот пред социјалните мрежи демантираше дека е инволвиран во ваков случај.

Во негова одбрана се јави Јувентус, кој очекувано испрати порака поврзана со најактуелната тема во светски рамки, во негова одбрана.

Не чекаше и неговата сестра, Катја Авеиро која реши да му даде поддршка преку социјалните мрежи со објавување слика од Супермен намонтирана со главата на Роналдо. Под сликата напиша дека време е за поддршка на нејзиниот брат.

– Роналдо издржи ние сме со тебе. Правда за ЦР7. Ајде да видам колку имате храброст да ја споделите фотографијата и да ви стои на профил најмалку една недела. Нека почне алката на споделувања, – напиша сестрата на Роналдо.

Facebook Коментари