Поврзете се со нас

Англија

Се јави и Вудвард и одговори на прашањето за иднината на Оле Гунар Солскјер

Објавено

на

blank

Дел од фановите на Манчестер Јунајтед не се задоволни со работата на Оле Гунар Солскјер во тимот и сметаат дека тој треба да биде заменет.

Извршниот директор на „ѓаволите“, Ед Вудвард во своето последно интервју говореше за целокупната ситуација во клубот, па даде одговор и на прашањето за иднината на Оле.

Банкарот кој ги држи конците во свои раце во Манчестер Јунајтед нагласи дека клубот го поддржува Оле Гунар Солскјер и му помага на трансфер пазарот со долгорочни трансфер цели кои ќе се исплатат во иднина.

– Јасно е дека нашиот главен проект е тоа што се случува на теренот. Откако последен пат се состанавме во април видовме многу добри работи иако ништо не е исто без навивачи.

– Исто така сме свесни дека пред нас е уште многу напорна работа за да дојдеме до константност во формата која е неопходна за освојување трофеи. Напредокот кој го гледаме на теренот за нас е позитивен знак дека Оле носи прогрес со својот тим и со играчите.

– Остануваме посветени на тоа да го засилиме тимот, но мора да бидеме дисциплнирани при трошењето пари за време на пандемијата. Мислам дека во тоа успеавме со засилувањата кои ги донесовме со потрошени над 200 милиони фунти во летото 2019 година, тоа е и повеќе од она што еден голем европски клуб потроши во тој период.

– Продолжуваме да ги поддржуваме плановите на Оле, неговото долгорочно планирање за засилувањата и се фокусираме на летните преодни рокови, -изјави Вудвард.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни