Се јави Чави во врска со фудбалскиот ангажман на Болт: Се сомневам во неговиот успех

xavi-ernandez

Усеин Болт полека но сигурно, се подготвува за неговото официјално претставување во редовите на Борусија Дортмунд. Тој и објави видео како е да се тренира во тимот на Борусија Дортмунд, а во продолжение  се подготвува за натпреварот од хуманитарен карактер ,,Soccer aid” кадеќе настапи за тимот на Светот против тимот на Англија кој ќе биде предводен од страна на Роби Вилијамс.

Болт верува дека ќе стане стандарден првотимец во редовите на Борусија Дортмунд, но една фудбалска легенда на Барселона, популарниот Чави Ернандес го даде своето мислење за евентуалниот ангажман на Болт во фудбалот.

– Усеин Болт е мој омилен лик, постојано го гледав на атлетските трки. Тој е атлета која ретко се раѓа. Малкумина можат да се мерат со неговите тркачки и физички способности. Никој не може да трча побрзо од него. Болт е најбрзиот човек на светот. Но, едно мора да е јасно, не можете да ја мерите брзината со фудбалската интелегенција, тоа е невозможно,- изјавил Чави.

Facebook Коментари