Поврзете се со нас

Франција

Се е подготвено: Нејмар потпишува нов богат договор со ПСЖ

Објавено

на

Бразилскиот репрезентативец Нејмар дефинитивно донел конечна одлука околу клубот во кој ќе настапува во иднина-тоа е Пари Сен Жермен.

Офанзивецот се решил да потпише нов богат договор со „светците“ и со тоа да стави крај на шпекулациите околу тоа дали ќе продолжи со ПСЖ или пак можеби ќе се врати во Барселона, клуб кој покажуваше интерес за него.

Според реномираниот „Л’Екип“, Нејмар уште викендов ќе се обврзе на соработка до 2026 година. Годишната плата ќе изнесува 30 милиони евра, а ќе заработи голем бонус ако тимот во наредниве сезони ја освои Лигата на шампионите.

Неј од 2017 година е во тимот од француската престолина и тоа откако неговиот сегашен клуб се одлучи да ја активира откупната клаузула и да и плати на Барселона рекордни 222 милиони евра.

Останува да видиме дали Килијан Мбапе ќе ги следи стапките на Нејмар со оглед на тоа што актуелниот договор исто му истекува во 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни