Се е готово, напаѓачот има нов клуб: Челси „дебело“ ја наплати слободата на Коста

diego-kosta-prst

Англискиот првак Челси и нивниот менаџер Антонио Конте одамна соопштија оти не сметаат на услугите на напаѓачот Диего Коста, но тој и покрај јасната порака не успеа да најде нова средина во летниот преоден рок.

Се споменуваа неколку клубови, меѓутоа ништо од тие најави не се реализираше за да сега стигнат вести од Пиринеите дека „сините“ си подале рака со Атлетико Мадрид за трансфер на Бразиелцот со шпански пасош.

„Марка“ и „Ас“ пренесуваат оти единствен услов за комплетирање на зделката е сега играчот да ги мине медицинските прегледи со тоа што двата медиуми имаат различни информаци кога станува збор за цената за обештетувањето.

Според „Марка“ се работи за 55 милиони евра плус уште 10 милиони за бонуси, додека „Ас“ ја заокружува сумата од 60 милиони евра со бонуси.

Како и да е Челси одлично ќе го наплати Коста кој пред три години дојде на „Стемфорд Бриџ“ токму од Атлетико за 38 милиони евра.

Диего ќе може да игра за „душекџиите“ од месец јануари кога на четата на Симеоне ќе и се приклучи и Витоло кој е дел од составот на Лас Палмас (позајмица).

Facebook Коментари