Се е готово: Барселона го договори второто летно засилување

Clément Lenglet

Екипата на Барселона доста време беше мирна на трансфер пазарот иако многу играчи се поврзуваа со преселба во нивниот табор, но тоа сега се менува и актулениот шпански шампион веќе повлече неколку потези како продажбата на Паулињо Безера во Кина и ангажманот на играчот од средината на теренот Артур Мело.

Токму Мело ќе добие друштво кога се во прашање новајлиите, бидејќи Барса според информациите кои доаѓаат од Шпанија го обезбеди потписот на дефанзивецот Клемен Ленге. Барса се обиде да преговара со Севилја за Французинот, но откако тоа андалузијците одбија да го направат клубот од „Камп Ноу“ одлучи да ја активира неговата откупна клаузула вредна 35 милиони евра.

Тоа според „Миндо Депортиво“ и „Спорт“ е направено и во најскоро време Легне официјално ќе биде претставен како нов играч на составот од Каталонија.

Ленгле има 23 години и ќе преставува сериозно освежување во одбраната, конкуренција за Пике и Умтити.

Facebook Коментари