Поврзете се со нас

Италија

Се е договорено: Пандев ќе потпише нов договор со Џенова! 

Објавено

на

Горан Пандев ќе продолжи да биде активен на терените и во натпреварувачката 2021/2022.

Ова е најновата вест која ни доаѓа од Апенините и во која се вели дека најдобриот македонски фудбалер ќе ја обнови соработката со Џенова. Ветеранот одлучи да ја заврши репрезентативната кариера по Европското првенство, меѓутоа се уште има намера да настапува на клупски план и тоа ќе биде во тимот од кој е дел од 2015 година.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека популарниот Гоче веќе си подал рака со претседатлот Енрико Прециози, односно дека само се очекува официјално да биде ова потврдено со потписот на напаѓачот.

Пандев има 38 години и во досегашната кариера освен во Италија има настапувано на нашата домашна сцена во Беласица и турскиот великан Галатасарај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни