Поврзете се со нас

Италија

Се е договорено: Милан го добива офанзивецот што го посакуваше

Објавено

на

foto: https://twitter.com/ChampionsLeague

Италијанскиот гигант, Милан има отворен пат да комплетира уште една зделка во овој летен преоден рок.

„Росонерите“ досега официјално ги ангажираа Лука Ромеро, Рубен Лофтус Чик и Марко Спортиело, листа на која ќе биде додадено и името на Кристијан Пулишич. Калчолигашот веќе некое време посакуваше да го ангажира Американецот, а и самиот играч многу сакаше да се пресели на „Сан Сиро“ што на крајот и ќе се реализира.

Повеќе извори потврдуваат дека Милан и Челси постигнале договор вреден 20 милиони евра, сума која ќе може да се зголеми ако се исполнат одредени бонуси, точки во договорот.

Со ова ќе имаме Челси на мало во Милано затоа што во минатото играа уште Жиру, Томори, Лофтус Чик.

Пулишиќ има 24 години и ако се врати во посакуваната форма може да биде големо засилување за „црвено-црните“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни