Поврзете се со нас

Англија

Се е договорено: Диало ќе потпише нов договор со Јунајтед

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Амад Диало е една од светлите точки во Манчестер Јунајтед во оваа сезона, играч кој има 22 години и може дополнително да се развива, напредува и тоа добро го знаат на „Олд Трафорд“ и потврда за тоа е последната информација која ја пренесуваа повеќе медиуми.

Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска и клубот постигнале договор за продолжување на соработка. Актуелниот му завршуваше на крајот на тековнава сезона, но според новите услови тој ќе остане „црвен ѓавол“ до 2030 година.

Се очекуваа оваа вест официјално да биде потврдена од клубот за кого офанзивецот настапува од 2021 година.

Во тековнава кампања има учинок од 6 гола и 7 асистенции на 28 натпревари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни