Поврзете се со нас

Англија

Се е договорено: Артета и во иднина ќе го води проектот на Арсенал

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Шпанскиот фудбалски стратег, Микел Артета и во иднина ќе биде на кормилото на англискиот премиерлигаш Арсенал.

Артета и клубот од северен Лондон си подале рака за продолжување на соработката и тоа со договор до 2027 година пренесуваат медиумите на островот.

Досегашниот договор му истекуваше на крајот на сезоната, меѓутоа двете страни се задоволни и поради тоа љубовта продолжува најмалку уште три години. Оваа вест, информација се очекува да биде потврдена и од клубот и тоа пред големото дерби со Тотенхем закажано за викендов на стадионот на „петлите“.

Микел од 2019 година е на кормилото на Арсенал, поточно на оваа функција го наследи Унаи Емери.

Во изминатиов период тој на клубот му донесе еден пехар во ФА купот и два трофеи во Комјунити Шилд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни