Поврзете се со нас

Боречки спортови

Се ближи неизбежното: Усик најави уште две големи борби пред да стави крај на кариерата

Објавено

на

Foto:instagram.com/usykaa

Александер Усик излезе како победник во двете блокбастер борби со Тајсон Фјури и само потврди дека е неприкосновен шампион во тешка категорија, па откако ги обедини сите појаси, веќе не му преостануваат уште многу предизвици во боксот.

Со оглед на возраста и извонредната статистика која вели дека нема ниту еден пораз на 23 професионални борби, Усик полека се подготвува за завршната етапа од својата кариера, за која самиот вели дека ќе трае најмногу уште две години.

– Се уште има предизвици за мене во боксот, ќе се борам со било кој што ќе победи од мечот меѓу Паркер и Дубоа. Немам проблем да ги вкрстам ракавиците со било кого.

Усик наполни 38 години во месец јануари и како недопирлив шампион ја почна 2025-та година, но сега самиот навести дека до крајот на кариерата го чекаат уште најмногу две големи борби.

– Мислам дека ми преостануваат уште две години од професионалната кариера, а можеби и година и половина. Се чувствувам фантастично, чувствувам дека можам да се подготвам за уште две борби, не повеќе. Само уште две борби и толку, – потенцира Усик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни