Поврзете се со нас

Англија

Се ближи крајот на хоророт за Харт: Знам дека нема да играм во Реал, но….

Објавено

на

Џо Харт има вртоглав пад на формата по заминувањето од Манчестер Сити, но дефинитивно, она што го доживува во измианативе две сезони е еднакво на понижување.

Некогашниот прв голман на англиската фудаблска репрезентација нема настап во Премиер лигата од декември 2018-та година, па сега кога неговиот статус на втор голман на Барнли е пред сам крај, повеќе од јасно е дека нема да го продолжи договорот со клубот.

Харт сигурно нема да го памети по добро престојот во Барнли, па сега кога ќе има улога на слободен агент, вели дека е отворен за трансфер во друга земја бидејќи се уште е прилично млад за голман (33 години).

– Во Премиер лигата го достигнав врвот, ако не го освоев сето тоа со Манчестер Сити, немаше да бидам подготвен за заминување. Се што сакам е да бидам дел од клуб кадешто ќе бидам важен.

– Знам дека нема да бидам дел од Реал Мадрид, но сигурно не ги загубив сите мои квалитети, знам како функционира фудаблот и се чувствувам гладен. Премиер лигата беше фантастична за мене, но отворен сум за проширување на искуствата, сакам трансфер во странство, – потенцира Џо во интервјуто за „Гардијан“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни