Поврзете се со нас

НБА

Сцени кои ја трогнаа Америка: Гасол го прослави јубилејниот роденден со ќерките на Коби (Фото)

Објавено

на

Пау Гасол вчера наполни 40 години, а денот кога одбележуваше еден убав јубилеј во својот живот, легендарниот шпански кошаркар реши да го сподели со најблиското опкружување на човекот кој многу му значеше.

Гасол беше скршен од болк на стартот на 2020-та година кога беше пренесена веста за трагичната смрт на Коби Брајант, незаборавниот играч на Лос Анџелес Лејкерс кој беше навистина многу близок со Шпанецот.

Коби и Пау имаа искрено пријателство и имаа братски однос надвор од теренот, па Шпанецот одлучи својот 40-ти роденден да го слави во домот на Брајант, или поточно со Ванеса и ќерките Наталија, Бјанка Бела и Капри Коби.

Фотографиите кои пристигнаа од Америка им ги стоплија срцата на кошаркарските фанови и истовремено ги трогнаа истите, а Ванеса во улога на сопруга на Коби која навистина добро го познава Пау, го одбележа роденденот со следната порака.

– Среќен 40-ти роденден чичко Пау. Девојките Брајант те сакаат. Знам дека Коби ќе ти кажеше „Среќен 40-ти роденден, Пабло. Те сакам“, – гласи пораката на Ванеса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни