Поврзете се со нас

АТП

Сцената од „Ајфеловата кула“ која остава без здив: Надал доби посебно испраќање од Париз (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/DavisCup

Рафаел Надал вчера го одигра последниот тениски меч во својата блескава кариера, а покрај тоа што неговиот „последен танц“ беше топ тема во Шпанија, мора да се издвојат и моментите кои пристигнаа од разни страни ширум светот.

Познати колеги и колешки му оддадоа признание на Надал преку социјалните мрежи и му се заблагодарија за неверојатното наследство кое му го остава на тенисот, но се чини дека најоригиналното испраќање го смислија „Најк“ и градот Париз.

Надал оствари низа неверојатни работи во тенисот, но убедливо најнестварна е конекцијата која ја имаше со Париз и Ролан Гарос, место на кое постави рекорди кои тешко дека некој ќе ги собори во историјата на „белиот спорт“.

14-кратниот освојувач на Френч Опен доби посебна чест пред „Ајфеловата кула“, а сцената која ја подготви неговиот спонзор навистина остава без здив.

„Најк“ се погрижи за оригинално испраќање од градот на светлината, видео кое брзо стана вирално и омилено меѓу верните фанови на шпанскиот „бик од Мајорка“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни