Поврзете се со нас

Италија

Сцена која ја трогна Италија: Отпуштениот тренер на Салернитана со часови седел осамен на клупа (Фото)

Објавено

на

Фудбалската работа е немилосрдна кога се резултатите во прашање и тие се главниот причинител за губење на тренерските позиции кај многу фудбалски стручњаци, а таков беше случајот и со искусниот Фабрицио Кастори.

Стратегот својата втора етапа во Салернитана ја заврши на 67-годишна возраст откако заработи отказ по лошиот старт на сезоната во Серија А, натпреварување во кое токму Кастори го врати клубот по пауза од 22 години.

Како што информираат италијанските медиуми, Кастори многу лично и тешко го прифатил отказот од клубот, па во текот на вчерашниот ден, бил уловен на кејот во близина на Салерно.

Обичните минувачи сведочат дека искусниот стручњак со часови седел осамен на клупата во Вјетри сул Маре, слика која ги разнежни срцата на неутралните фудбалски фанови.

Фабрицио доби огромна поддршка од навивачите на Салернитана по сликата која стана вирална во Италија, а поддршка му и изразуваат и новинарите од целиот свет за печатот кој го остави во клубот во последните неколку месеци, без оглед на болниот епилог.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни