Поврзете се со нас

Европски првенства

Саздовска: Романија се гледа во следната фаза, ние ќе се обидеме да им го заматиме видот

Објавено

на

Македонската репрезентација денеска одмара на Европското првенство на кое пак утре не очекува клучниот меч против Романија, натпревар кој ќе даде одговор која од овие селекции ќе се пласира во следната фаза.

Романките ќе го имаат статусот на фаворитки, но тоа ќе мора да го потврдат на теренот каде пак нашите ракометарки ќе се обидат со максимална пожртвувана, борбена игра да направат изненадување и ја израдуваат публиката во СЦ „Јане Сандански“.

-Можам да се кажам дека сме фокусирани на Романија. Тие се доста сериозен противник исто како Франција и Холандија. Мора да подобриме некои работи и да ги намалиме техничките грешки. Не смееме да промашуваме зицери и мораме сериозно да го сфатиме натпреварот. Селекцијата на Романија се гледа понатаму, но ние ќе се обидеме да им го заматиме видот, ќе се обидеме да бидеме што повеќе да бидеме во егал со нив.

-Можеме да научиме од претходните натпревари, Франција и Холандија се многу позрели, поквалитетни репрезентации од нас во техничкиот поглед, имаат многу поголема минутажа од нас на големи натпреварувања. Доста е важен влезот во натпреварот. Ако влеземе со негатива од пет гола, тешко дека ќе успееме да направиме нешто повеќе. Мораме да играме слободно, да уживаме во играта, да преземеме одговорност и да го дадеме нашиот максимум, -порача Јована Саздовска.

Дуелот Македонија-Романија се игра од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни