Поврзете се со нас

Балкан

Саво Милошевиќ приреди циркус на пријателски натпревар во Србија: Влезе да се пресмета со судијата (Видео)

Објавено

на

Тренерот на Партизан и легендарен поранешен српски репрезентативец, Саво Милошевиќ направи вистински хаос на денешниот пријателски натпревар кој неговиот тим го одигра против Златибор Чајетина.

Партизан победи со 2:1, а кон средината на второто полвуреме се случи немилиот инцидент во кој главен беше тренерот на „црно белите“, Саво Милошевиќ.

Милошевиќ влета во теренот сакајќи да се пресмета со главниот судија на овој натпревар, Марко Стојковиќ.

– Свири како што треба! Немој да ме за**аваш, безобразен еден. Да ви е**м мајката на сите, -викаше тренерот на Партизан.

Главниот судија го опомена само со жолт картон, а потоа на трибините се случил уште еден инцидент помеѓу управите на двата клуба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни